95% од децата се соочуваат со непријатности при никнување на забите
Не спиете доволно бидејќи на вашето дете му никнуваат првите запчиња? Имате мислење дека само вие се соочувате со ваков проблем? Не сте единствени, неодамнешна анкета на интернет потврдува дека никнувањето на забите е проследено со низа непријатности. Во испитувањето учествувале 1163 родители од Хрватска и 269 родители од Австрија.
Непријатности кои најчесто се појавуваат
Во повеќето случаи првите запчиња никнуваат во периодот до шестиот месец. Меѓутоа, проблемите започнуваат околу еден месец порано. Бебињата не се свесни зошто ги боли, а и сеуште немаат развиени механизми за соочување со болка. Родителите во анкетата изјавиле дека како најчести непријатности се јавуваат гризење и ставање на различни предмети во устата (82%), како и изразена саливација (79%).
Секое бебе е единствено и различно реагира на болката при никнувањето на забите, но родителите се сложуваат околу некои симптоми кои најмногу им пречат. Непријатностите за време на никнување на забите почесто се јавуваат во текот на ноќта, а со тоа е поврзано и слабото спиење во текот на ноќта што резултира со будење на целото семејство (35%).
Дали сте се запрашале зошто баш во текот на ноќта?
Бебињата навечер се смируваат, не им го одвлекуваме вниманието и болката доаѓа до израз. Последица на тоа е немирот. Од друга страна, некои извори тврдат дека во текот на ноќта се ослободува вишок на кортизол кој предизвикува воспаление. Тоа воспаление пак предизвикува болка и резултатот е очигледен – немир и често будење.
Каде родителите најчесто бараат совети за намалување на непријатностите?
За многу родители овој период е еден од најтешките во развојот на нивното дете. Тоа го потврдува и фактот дека дури 95% од родителите посегнуваат по решение со цел намалување на непријатностите при никнување на првите заби. Најчесто помош бараат од фармацевтите, педијатрите или пријателите. Фармацевтите и педијатрите им помагаат на родителите со стручни совети, а пријателите споделуваат совети од сопственото искуство.
Како родителите ги намалуваат болката и непријатностите за време на никнувањето на забите?
За намалување на болката повеќе од 50% од родителите употребуваат гелови и креми кои ги купуваат во аптека. На врвот од списокот се наоѓаат геловите на база на локален анестетик. Анестетикот ја »парализира« слузокожата и така ја намалува болката. На второ место се геловите на база на хијалуронска киселина. За време на никнување на забите во усната празнина нема доволно природна хијалуронска киселина која е одговорна за забрзување на регенерацијата и зараснување на парадонталното ткиво. Хијалуронската киселина е безбедна, може да се употребува повеќе пати во денот, повеќе месеци. На трето место се наоѓаат помагалата за гризење, односно зацврстувачите на непца кои имаат уште подобар ефект ако ги чувате во фрижидер.
Природно и ефикасно
Резултатите од интернет анкетите покажале дека родителите најчесто купуваат гелови со локален анестетик. Локалниот анестетик привремено ја парализира слузокожата и така ја намалува болката, но не го намалува отокот и не помага во регенерацијата на непцата. Најновите клинички испитувања покажале дека хијалуронската киселина може да биде многу повеќе ефикасна во намалувањето на болката за разлика од локалниот анестетик.
Гелот Gengigel први запчиња е медицинско средство на база на хијалуронска киселина кое е специјализирано за вашите најмали. Ги намалува болката и отокот на непцата и го забрзува нивното зараснување при никнувањето на забите. Gengigel први запчиња е целосно безбеден производ бидејќи не е штетен и да се проголта, и не содржи шеќери, вештачки ароми и парабени. При употреба најдобро е нежно да се масираат непцата на бебето.
Периодот на први запчиња е тежок период кој не трае вечно. Затоа драги родители бидете оптимисти. А покрај употребата на соодветни производи треба да ја потенцираме и родителската љубов и милување. Како што и вие знаете, од милување никогаш доста!