Крварење на непцата – што да направите?

 Доц. Д-р. Петер Солар

Доц. Д-р. Петер Солар

Парадонтитисот не боли и повремено се манифестира со крварење на непцата, отечени непца и лош здив, но сепак значи опасност за устата и здравјето.

За жал, болестите во устата не може да се излечат сами од себе, па затоа поради бројните проблеми потребна е наша помош. Ова особено се однесува на парадонтитис, опасна инфекција на парадонталното ткиво. Парадонтитисот не боли и повремено се манифестира со крварење на непцата, отечени непца и лош здив, но сепак значи опасност за устата и здравјето. За разлика од површинската инфекција на непцата (гингивитис), парадонтитисот е прогресивно и неповратно распаѓање на ткивата и коските на вилицата предизвикани од екстремно агресивни бактерии. Без третман можно е и губење на забите.

Сепак, останува фактот – инфекциите на непцата често се занемаруваат. Еден од најкарактеристичните симптоми, лош здив, самите пациенти не го приметуваат, а нивните најдраги и пријателите сметаат дека е табу тема. Бидејќи типичните симптоми на парадонтитисот, како крварење на непцата и воспалени парадонтални џебови, обично се јавуваат како бранови, кај пациентите се јавува чувство на лажна сигурност.

Но за жал не е така: колку подолго парадонтитосот е присутен, толку поагресивно се шири, и штетата што ја предизвикува е се поголема.

Кој може да добие парадонтитис?

Воспалението на непцата е присутно кај околу 80% од луѓето од сите возрасти. Парадонталните џебови, а со тоа и парадонталната болест е присутна кај 45–65% од возрасните лица.

Кај децата и адолесцентите главната причина за лекување на забите е кариесот, а на 40-годишна возраст парадонтитисот е причина за навидум здрави заби во скоро 80% од случаите, што го прави главна причина за долготрајни и скапи процедури за замена на заби.

Како настанува парадонтитисот?

Постојат околу 50 милијарди бактерии во усната шуплина. Околу половина од 300 различни присутни видови можат да ни ги уништат забите.

Бактериите особено добро се чувствуваат на забната плоча на површината на забот и на работ на непцата (плак), која е составена од храна, плунка и мукозна мембрана.

Главни причинители за појава на бактериски забни наслаги се недоволна или неправилна хигиена на забите и нередовни посети на стоматолог со што би се обезбедила редовна хигиена на забите.

Здравјето на забите и непцата може да биде под влијание на ослабен имунолошки систем и оксидативен стрес. Ова меѓу другото се јавува поради пушење, стрес, лоша диета и недостаток на движење.

Појава и развој на парадонтитисот

Ако не ги отстранувате забните наслаги (плак) редовно, бактериите во нив создаваат супстанции штетни за непцата. Бактериските ензими, токсини и антигени ги напаѓаат непцата и на тој начин ги активираат воспалителните процеси. Прво се јавуваат отоци, црвенило и крварење на непцата, промени на кои треба да обрнете внимание: за проценка и третман најдобро да се обратите кај вашиот стоматолог.

Доколку и понатаму редовно и темелно не ги отстранувате забните наслаги (плак), бактериите што предизвикуваат воспаление ќе навлезат во подлабоките слоеви на забното ткиво и ќе предизвикаат болест на забните јами.

Во забните јами, агресивните бактерии продолжуваат да се размножуваат, уништувајќи го сврзното ткиво и вилицата. Непцата почнуваат да се повлекуваат. Забите имаат помал зафат, почнуваат да се нишаат и на крајот може да испаднат.

Што може да предизвика нетретиран парадонтитис во организмот?

Најопасна карактеристика на парадонтитисот: скриена болест која не боли и едвај се забележува. Бидејќи не запира самостојно, без лекување или со недоволно лекување, се шири низ целото тело, а со тоа има и негативни ефекти.

Имено, помеѓу непцето и коренот се создава рана која не е видлива од надвор, но ако почне да се шири низ вилицата може да достигне големина колку машка дланка – ако ги додадеме парадонталните џебови и повлекувањето на непцата. Оваа рана од бактериите значи дека вратата кон срцето е отворена.

Процесот на заболување не влијае само на оралното здравје, предизвикува губење на забите и скапи процедури за замена на заби, туку може да предизвика и воспалителни реакции низ целото тело. А воспалителните реакции ја зголемуваат чувствителноста на некои сериозни болести или го влошуваат нивниот тек.

Внимавајте на срцето!

Според бројни студии, нетретираниот парадонтитис го зголемува ризикот од коронарна срцева болест за скоро два пати, а ризикот од мозочен удар за три пати. Исто така, идентификувана е врската помеѓу парадонтитиост и остеопорозата. Постои опасност за нероденото дете: бремените жени со парадонтитис имаат до осум пати (!) поголем ризик од предвремено раѓање.

Што значи успех: Здрави, силни и бели заби, силен загриз и болест под контрола.

Затоа е потребно: професионален третман, прегледи, правилно третирање и редовни контроли.

Но исто така и активен пациент: темелна нега на забите, редовна орална хигиена, обрнување внимание на симптомите, здрава исхрана и многу движење.

Ако пациентот е пасивен и не се подложува на третман, ова го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, респираторни заболувања, предвремени раѓања, дијабетес и остеопороза. 

Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close