За Gengigel

Што претставува Gengigel?

Gengigel претставува единствена, патентирана палета на производи за нега на усната празнина, која со помош на природните лековити својства на хијалуронската киселина овозможува отстранување на голем број непријатни состојби во усната празнина поврзани со болка и воспаление. Gengigel го запира крварењето, ги лекува непцата и ја забрзува нивната регенерацијата, ја смирува болката и клинички е докажан и ефикасен во спречување и отстранување на пародонталните болести.

Без несакани ефекти

Сите производи од палетата Gengigel се безбедни за употреба и немаат познати контраиндикации или несакани ефекти.

Gengigelможе да го употребуваат сите без ограничување: деца, бремени жени, доилки, повозрасни лица и дијабетичари. Интеракции со лекови не се познати, затоа Gengigel може да се употребува и при користење на специфична терапија, на пример антибиотици.

Технолошки усовршени производи

Gengigel се произведува во Италија со примена на најсовремени биотехнолошки процеси. Производите ги задоволуваат највисоките стандарди на добра лабораториска пракса (GLP) како и ISO стандардите. Gengigel е базиран на концептот на активна матрица; со други зборови, мешавината од биополимери делува синергистички со хијалуронската киселина, што на формулацијата и дава биоадхезивни карактеристики и способност за формирање филм кој ја прекрива површината на непцата каде и се задржува.  

За професионална употреба

Покрај линијата на производи наменети за потрошувачите Gengigel исто така нуди специјална, целосно посветена линија на производи за најсложена професионална употреба. Производи базирани на хијалуронска кислеина им се достапни на стоматолошките професионалци, овозможувајќи им разновидни стоматолошки апликации: во пародонтологија, оралната хирургија, но и за хигиена и превенција.

Уникатните формулации на линијата Gengigel Prof се иновативно решение за пациентите, бидејќи со нивната високотехнолошка хијалуронска киселина го забрзуваат заздравувањето и регенерацијата на ткивата во усната празнина, ја намалуваат болката и непријатноста и ги стимулираат антивоспалителните и антиедематозни процеси.

Хијалуронска киселина

Gengigelсодржи хијалуронска киселина со висок квалитет и чистота.

За составот на Gengigel карактеристична е хијалуронската киселина која има голема молекуларна маса и е многу слична на природната хијалуронска киселина застапена во ткивата на непцата. Хијалуронската киселина (позната и како хијалуронан) е природна состојка во здравото врзивно ткиво во нашиот организам. Човечкото тело природно произведува хијалуронска киселина, но потребите значително се зголемуваат со процесот на стареење, односно кога не се чувствуваме добро или кога имаме некаква повреда или инфекција.

Хијалуронската киселина се наоѓа и во стаклестото тело на окото, папочната врвца,  синовијалната течност, 'рскавицата, кожата како и во непцата, каде има посебна улога. Поради своите одлични карактеристики делува антивоспалително и антиоксидативно, штити од инфекции, а истовремено го регенерира ткивото, го забрзува заздравувањето и го намалува отокот.

За Gengigel

Мислење на корисниците

Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close