Како да се грижите за вашите заби?
Сара Крамбергер, м-р. хем.
1. Квалитетна четка за заби
Со четкањето ги отстрануваме бактериите и забните наслаги, четкањето им годи на непцата. Добрата четка за заби има прилагодена големина и облик на дршката и влакната. Големата димензија не е секогаш најдобра, а тоа важи и за четката за заби. Правилно е да одговара на големината на устата. Со помала четка имаме полесен пристап до сите површини на забите, вклучително и забите во задниот дел на устата. Дршката се одбира по сопствена желба, треба да внимаваме да не биде премногу тенка и да служи како потпора на палецот. И за крај уште влакната: четка со (многу/ултра) меки и заоблени влакна е најбезбедна и најпогоден избор. Се прашувате зошто? Содржи фини влакна кои со лесен притисок лизгаат во просторот помеѓу непцата и површината на забите и на тој начин нежно ја вршат својата работа. Совет од стоматолог: Заменете ја старата четка за заби на секои 3 до 4 месеци!
2. Употребувајте паста за заби со флуорид
При купување на паста за заби, многу е важно да не ве заведе само вкусот и избелувачкиот ефект, многу е важна и содржината на флуориди. Флуорот се концентрира на површината на забите и ги прави поцврсти, ги штити од бактерии и кариес.
3. Употребата на конец за заби е исто толку важна колку и четкањето
Многу луѓе го занемаруваат конецот за чистење на заби, но тој е неопходен дел од секојдневната рутина. Чистењето со конец за заби не е само чистење на просторот помеѓу забите (каде се насобираат остатоци од храна) туку многу повеќе од тоа. Спречува појава на забни наслаги и помага во спречување на воспаленија. Не дозволувајте да Ве спречат потешкотиите на чистење со конецот за заби!
4. Спречете го воспалението на непцата
Секое крварење при четкање на забите, па дури и она најмалото значи дека непцата не се потполно здрави. Се работи за воспаление на непцата, стручно наречено гингивитис. Gengigel е прва помош при воспаление на непцата. Поради содржината на хијалуронска киселина овозможува моментално дејство, го ублажува воспалението и помага при регенерација на оштетеното ткиво. Ако не се лекува, гингивитисот може да премине во парадонтитис, а тоа е најчеста причина за губење на забите.
5. Чистете го јазикот
Белите наслаги со кои често е покриен Вашиот јазик се место за развој на бактерии и вируси. Со тек на време бактериите се пренесуваат на забите и непцата, каде можат да направат голема штета. Насобирањето на бактерии на забите предизвикува кариес и воспаление на непцата. Спречете ги овие појави со секојдневно четкање на јазикот кога ги четкате забите!
6. Користете раствор за плакнење на усната празнина
Препорачливо е плакнењето на усната празнина да биде дел од Вашата секојдневна хигиена. Плакнењето на усната празнина помага во намалување на количината на киселини во устата, ги минерализира забите и ги чисти “проблематичните” делови до кои четката не може да допре. Плакнењето на усната празнина би требало да се практикува кај деца и кај повозрасни лица, бидејќи кај нив не можеме да бидеме сигурни дека четкањето е комплетно.
7. Здрав начин на живот
Здравиот начин на живот носи задоволство и насмевка на лицето. А наша одговорност е дали насмевката ќе биде бела. Ако сакаме да биде, мора да го ограничиме внесот на шеќери. Шеќерот во усната празнина се претвора во киселина која ги оштетува забите. Слично како шеќерот дејствуваат и кафето и чајот кои исто така го пребојуваат забите (танини). Ако кафето ви е „неопходен” дел од секојдневното, после кафето веднаш напијте се чаша вода, која ќе ја отстрани бојата од површината на забите.
8. »Добра ноќ, измиени запчиња«
Реченица која најмногу ја слушавме во детството. Дали е навистина така? Одговорот можете да го пронајдете во видеото во кое доц. д-р. Петер Солар, специјалист по дентална медицина, ќе ви даде совети за нега на усната празнина.
Грижата за забите е дел од нашето секојдневие. Следете ги горенаведените препораки и Вашите и непца ќе бидат здрави, а посетата на стоматолог нема да биде потребна. Ќе завршиме со следната мисла: Убавите и здрави заби се огледало на нашето здравје!