Непцата – скриен темел на здравата насмевка

Тимот на Gengigel

Усната празнина е почеток на гастроинтестиналниот систем и секојдневно е изложена на храна, пијалоци и бројни бактерии. Непцата не се само „спореден играч“, туку обезбедуваат поддршка и заштита на забите. Кога се здрави, тие помагаат на забите да останат стабилни и цврсти. Меѓутоа, кога непцата се оштетени или воспалени, проблемите брзо се влошуваат.
Знаци дека на вашите непца им е потребно повеќе внимание
Често ги прифаќаме малите промени на непцата и веруваме дека ќе исчезнат сами од себе. Сепак, токму тие мали знаци често се првото предупредување дека нешто не е во ред со непцата.
Меѓу нив спаѓаат:
- крварење при четкање на забите или користење забен конец,
- болни, црвени или отечени непца,
- афти и други ранички во устата,
- лош здив или непријатен вкус во устата и
- чувствителност при јадење и пиење.
Доколку овие знаци не се сфатат сериозно, воспалението може да напредува до гингивитис или пародонтална болест, што е една од главните причини за губење на забите кај возрасните.
Имено, непцата не крварат без причина, а проблемите ретко исчезнуваат сами од себе.
Зошто повредите на непцата се случуваат толку често?
Проблемите со непцата можат да се појават побрзо отколку што мислиме. Покрај недоволната или неправилна орална хигиена, вообичаени причини се носење ортодонтски апарат или забни протези, стоматолошки интервенции, отстранување на забен камен, хормонални промени (на пример за време на бременост) како и стрес или ослабен имунолошки систем .
Затоа непцата се еден од најдобрите показатели за тоа што се случува во усната празнина, а воедно најчесто се занемаруваат.
Хијалуронска киселина како природна поддршка за вашите непца
Кога непцата се иритирани, оштетени или воспалени, им е потребна поддршка при обновувањето. Хијалуронската киселина, супстанца што природно се наоѓа во непцата, има важна улога во тој процес.
Нејзината основна функција е да врзува влага, да го заштити ткивото и да ја поттикне регенерацијата. Во усната празнина помага при зараснување на рани, го намалува воспалението и болката и го забрзува опоравувањето по повреди. Иако телото самостојно произведува хијалуронска киселина, при воспаление и оштетување на непцата потребата од неа се зголемува, па во такви случаи е разумно да се додава како дополнување на соодветната нега.
Gengigel – кога на непцата им е потребна висококвалитетна нега
Производите на Gengigel се осмислени токму за здравјето на непцата. Тие содржат висококвалитетна хијалуронска киселина и се наменети за ублажување на тегоби како што се воспаление, болка, крварење и афти, какои за поддршка по стоматолошки интервенции.
Достапни се во различни форми – од гел за примена на полесно достапни делови од усната празнина, хидрогелна вода за уста за секојдневна нега, до спреј за брза употреба, што овозможува негата на непцата да се прилагоди на различни животни ситуации и потреби.
Обрнете внимание на вашите непца по повод Светскиот ден на оралното здравје
Редовната орална хигиена е темел на здравјето на усната празнина, но понекогаш не е доволна. Непцата често први ни покажуваат дека им е потребно повеќе внимание. Доколку навреме ги препознаеме знаците дека нешто не е во ред и правилно ги негуваме, можеме да спречиме посериозни проблеми и да зачуваме здрава насмевка.
Имено, здравјето на усната празнина не се заснова само на забите, туку и на здравите непца.
Референци:
• Lamont et al. Cochrane Database Syst Rev. 2018 Dec 27;12(12):CD004625.
• Deinzer et al. PLoS One. 2024 Jul 5;19(7):e0306302.
• Jayasinghe et al. Nutrients. 2022 Oct 25;14(21):4478.
• James et al. Cochrane Database Syst Rev. 2017 Mar 31;3(3):CD008676.
• Rodrigues Amorim Adegboye et al. Int J Environ Res Public Health. 2020 Oct 30;17(21):8023.
• Gengigel, navodila za uporabnike.
Доц. Д-р. Петер Солар 
