Тврдокорниот забен камен, дознајте како да го спречите

 Мирјам Шкорјанц, дипл. орал. хиг.

Мирјам Шкорјанц, дипл. орал. хиг.

Со редовно четкање на забите и посета на стоматолог забниот камен ќе се создава поспоро.

Создавањето на забниот камен може да се контролира. Како? Со редовно четкање на забите и посета на стоматолог забниот камен ќе се создава поспоро.

Постојат луѓе кои навистина имаат малку забен камен и оние кои го немаат. Меѓутоа, тоа нема никаква врска со »добрите гени«, туку е резултат на редовно и прецизно чистење на забите. На помало создавање на забен камен влијаат и здравата исхрана како и редовна посета на стоматолог. На успорување на создавањето на забниот камен влијаат и совладувањето на стресот и прекинување со пушење.

Би можело да се каже дека каменот го има секаде каде што има вода. Најмногу забен камен се насобира на  изводните канали на плунковние жлезди. Причина за настанување на забниот камен – освен неправилна хигиена на усната празнина – исто така е и плунката на поединецот. Ако плунката содржи премногу калциум и фосфор, забниот камен ќе се создава побрзо. На зачестеноста на создавање на забниот камен влијае и положбата на забите како и несоодветни пломби или крунички.  

Забниот камен се препознава по кремасти до жолтеникави тврди наслаги на забите над непцата.  При допир со јазикот кај голема количина на забен камен се чувствува рапавост.  Забниот камен под непцата не може да се види со голо око. Поради покриената површина која овозможува бактериска разградба на ткивото, забниот камен под непцата е со смеѓа или црна боја. Може да се утврди само со сонда или рентген.

Не го одстранувајте сами забниот камен

Не се препорачува чистење на забниот камен дома. Забниот камен е многу тврдокорна структура која не може да ја одстрани ниту една течност. Чистењето со остри предмети во домот нема да биде успешно, а можете да ги оштетите и забите и непцата. Затоа немојте никако не го одстранувајте сами забниот камен. Забниот камен треба да го чистите само кај стоматолог со посебни ултразвучни апарати наменети само за тоа.

За одстранување на забниот камен употребуваат посебни ултразвучни инструменти со различни продолжетоци со кои се одстрануваат наслагите на сите забни површини, во меѓузабните простори и на достапните коренски површини. Не грижете се! Ако лицето само се грижи за редовната и правилна хигиена на усната празнина, методот на одстранување на забниот камен е едноставен, безболен и доволна е само една посета два пати во годината.

Последната фаза на отстранување на забниот камен е пескарење на забите. Тоа е метода на професионално чистење при која со млаз вода и прав под висок притисок брзо и ефикасно се отстрануваат меките забни наслаги (забен плак) и обојувањето на забите. Тоа се жолти или темни флеки на забите кои настануваат како последица на редовно пушење, пиење кафе, чаеви, и други темно обоени пијалоци кои долготрајно оставаат флеки на забите. Забите исто така можат да ја променат бојата под дејство на хромогени бактерии, а тоа се сивоцрни флеки на работ на непцата. Ако тие бактерии не се отстранат на време, се шират на преостанатиот дел од забот или на сите заби.

Пескарењето на забите е неинвазивна, сигурна и безболна постапка која стоматологот ќе ја заврши за петнаесет минути. Мазната површина на забите како и редовното и правилно четкање на забите дома спречуваат брзо создавање на забен плак, а со тоа и создавање на забен камен.

Izdelki Gengigel

Достапно во аптеките и специјализираните продавници. Пред употреба внимателно да се прочита упатството за употреба.

За информации за индикации, мерки на претпазливост и несакани ефекти на медицинскиот препарат посоветувајте се со лекар или фармацевт.

Gengigel
close